Новинарка на Си-ен-ен беше недалеку од границата на Израел со Газа кога започнал ракетниот напад.
„Главната меѓународна дописничка на Си-ен-ен, Клариса Вард и нејзиниот тим мораа да се засолнат откако ракети беа истрелани над нив долж границата меѓу Израел и Газа.
View this post on Instagram
Тие беа таму известувајќи за последиците од нападите извршени долж границата кога слушнаа силен ракетен оган над нив. Екипата потоа продолжи да бега и се спушти на земја во блискиот канал“, напиша Си-Ен-Ен на снимката објавена вчера.
Кога ситуацијата се смири, репортерот рече дека тие биле на патот каде што имало еден од упадите на Хамас на израелска територија.
Како што рече, милитантите на Хамас киднапирале голем број цивили таму. На видеото може да се видат изгорени автомобили, а има и ишаран теренец на Хамас.