­

(ВИДЕО) Нова катастрофа во Турција, се урна зграда, луѓе останаа заробени под урнатините

zgrada-turcija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трикатница на улицата Бејшехир во турскиот град Коња се урнала околу 20 часот и 10 минути од засега непозната причина.


Откако зградата, во која имало и продавници на приземје, се урнала за неколку секунди со огромна бучава, луѓето од околните домови ја известиле итната помош.

По известувањето, за краток временски период на адресата биле испратени противпожарни служби, полиција и медицински екипи.

Две лица се извлечени од урнатините, а соопштено е дека пет лица се под урнатините и дека се работи за сириски државјани.

 

При спасување на луѓе, во зградата избувнал мал пожар.

Жителите велат дека немало знаци дека зградата е пред уривање.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK