(Видео) Нов лапсус на Бајден: го помеша францускиот претседател Макрон на предизборен настан во Лас Вегас

Видео-Нов-лапсус-на-Бајден-го-помеша-францускиот-претседател-Макрон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џозеф Бајден го помеша францускиот претседател Емануел Макрон на предизборен настан во Лас Вегас.


Тој го помеша со поранешниот претседател на Франција, Франсоа Митеран, кој почина во 1996 година.

Бајден направи лапсус додека ги раскажуваше настаните од состанокот на Г7 одржан во 2020 година, веднаш откако победи на изборите.
Наведувајќи дека една од првите работи што ги посочи на таа средба е „Америка се врати“, Бајден рече дека тоа го предизвикало одговорот на „Митеран од Германија“, а потоа се поправил и рекол „од Франција“, наведува „Хил“.

Порталот потсетува дека Бајден го критикуваше поранешниот претседател Доналд Трамп за неговите неодамнешни коментари за „труење на крвта“, што Трамп го искористи за да го опише начинот на кој имигрантите влијаат на САД.

Бајден, исто така, му се потсмеваше на Трамп што минатиот месец ја помеша неговата ривалка за републиканската претседателска номинација, Ники Хејли, со поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

„Не се согласувам со Ники Хејли за сè, но се согласуваме за ова: таа не е Ненси Пелоси“, напиша Бајден на X Network.

Бајден се соочува со постојани критики поради неговата возраст и неговата способност да се кандидира за втор мандат е доведена во прашање, пишува порталот, истакнувајќи дека неколку политички противници на Бајден и некои гласачи ги искористиле очигледните грешки и лапсуси на Бајден за дополнително да ги зајакнат своите аргументи дека тој е премногу стар или неподобен за претседател.

Бајден (81) е најстариот претседател во американската историја, а доколку биде реизбран на изборите во ноември, на крајот од вториот мандат ќе има 87 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK