(Видео) Нетанјаху постави услови за договор со Иран


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека секој потенцијален договор со Иран ќе биде условен од прекинување на неговата програма за збогатување ураниум, отстранување на веќе збогатениот ураниум во земјата и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Нетанјаху ги изложи условите на договорот со Техеран во видео обраќање.


Нетанјаху додаде дека Вашингтон го информира Тел Авив за разговорите со Иран и истакна дека целите на Израел и САД се „усогласени“. „Подготвени сме за секое сценарио, вклучително и можноста за продолжување на нападите“, рече тој.

Осврнувајќи се на разговорите со Либан во вторникот, Нетанјаху рече дека Израел бара „разоружување на Хезболах и траен мир“, без да спомене евентуално прекин на огнот. Тој рече дека израелските воени операции во јужен Либан се во тек и дека целта е градот Бинт Џбеил, кој го опиша како упориште на Хезболах.

Нетанјаху, исто така, рече дека Израел одлучил да го прошири своето присуство во јужен Либан во насока на Џабал ал-Шеик, тврдејќи дека потегот има за цел „да им помогне на Друзите“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK