Американски разорувач пресретна ирански товарен брод


brod-ormuskitesnec-sad.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американски разорувач вчера пресретна ирански товарен брод додека се обидуваше да ја пробие поморската блокада. Бродот под иранско знаме исплови од пристаништето Бандар Абас, помина низ Ормускиот теснец и продолжи да плови по брегот на Иран, но разорувачот со водени ракети USS Spruance (DDG 111) успешно го пренасочи и го принуди да се врати назад, објави Централната команда на САД (Centcom).


Со ова, бројот на бродови запрени и вратени во Иран се искачи на десет. Откако американската блокада започна во понеделник, ниту еден брод не успеа да го пробие, додадоа тие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK