(Видео) Нетанјаху бојкотиран од дел од дипломатите во ОН

Screenshot-2024-09-27-191758.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер се соочи со тешка публика во Обединетите нации, каде многу земји ги критикуваа акциите на Израел во Газа поради тешките хуманитарни последици, пренесуваат светските медиуми.



Некои дипломати ја напуштија салата веднаш штом дојде израелскиот премиер, пренесе АФП.

Во текот на оваа недела, голем број светски лидери собрани на годишниот состанок на Генералното собрание на ОН ги искористија своите говори за да го осудат Израел, а некои исто така го обвинуваат Хамас. Имаше повици да се запре ескалацијата на борбите во Либан.

Десетици дипломати ја напуштија просторијата додека Нетанјаху го започна својот говор, оставајќи го целиот кат на Генералното собрание релативно празен. Но, тој донесе поддржувачи – семејства на заложници кои навиваа и аплаудираа за време на неговиот говор, пишуваат медиумите.

Нивната гласна поддршка дури го натера претседателот на Генералното собрание на ОН, да удри со чеканот за да ја смири атмосферата.

„Ред, ве молам! Дами и господа, ред!“, рече таа.

Нетанјаху според написите им пркосеше на критиките за Израел на Генералното собрание оваа недела, споредувајќи ги сцените од 7 октомври со холокаустот.

„Ја гледаме оваа морална конфузија дека Израел е лажно обвинет за геноцид. Ќе се бориме додека не постигнеме победа, целосна победа. За тоа нема алтернатива“, рече тој.

Нетанјаху, исто така, ја упати својата критика кон ОН, опишувајќи ја таа институција како „антисемитска одвратна фарса“.

На една од мапите што Нетанјаху ги покажа за време на неговото обраќање, целата палестинска територија на Источен Ерусалим (Ал Кудс), Западниот Брег и Појасот Газа беше прикажана како „Израел“, јавува „Anadolu“.

Источен Ерусалим, Западниот Брег и Појасот Газа се палестински територии според меѓународното право, пренесува медиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK