(Видео) „Некој ја користи нејзината картичка во Газа, ја имам последната надеж дека е жива“: апел на мајката на Германката која Хамас ја киднапираше

Видео-„Некој-ја-користи-нејзината-картичка-во-Газа-ја-имам.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајката на Шани Лук, млада Германка која присуствуваше на музички фестивал во Израел и чие тело подоцна беше пронајдено во камион управуван од членовите на Хамас низ Газа, вели дека нејзината ќерка била во „паника“ и се обидувала да го напушти фестивалот кога се случил страшниот напад. Таа сака да верува дека нејзината ќерка е жива, а за медиумите изјави дека некој се обидел да ја искористи нејзината кредитна картичка неколку пати во Газа.



Шани Лук (30) побрза да побегне откако Хамас го нападна фестивалот во близина на Кибуц Реим, во близина на Појасот Газа, кажувајќи ѝ на мајка си дека се упатила кон нејзиниот автомобил откако се огласиле ракетите.

„Таа беше малку испаничена и рече дека ќе го земе автомобилот и ќе оди на безбедно место. И тогаш престанавме да зборуваме и оттогаш не слушнав ништо од неа“, изјави нејзината мајка Рикарда Лук за Си-Ен-Ен.

Но, додека Шани се обидела да побегне, терористите на Хамас го блокирале нејзиниот излез.

„Таа одеше до автомобилот, но имаше луѓе кои стоеја покрај автомобилот и пукаа, така што луѓето не можеа да дојдат до нивните автомобили и да си заминат и тогаш ја одведоа“, додаде нејзината мајка.

Неколку часа откако и кажала на мајка си дека заминува, семејството на Шана наишло на вознемирувачка снимка од нејзиното навидум безживотно тело како лежи во задниот дел на пикап опкружено со вооружени милитанти.

Според написите во медиумите, вооружените лица скандирале „Алаху Акбар“ – на арапски „Господ е голем“, додека се собирале околу телото на Шана, на крајот носејќи ја во Појасот Газа.

Вознемирувачката снимка е последната што е видена од страна на семејството на Шана, иако и понатаму се надеваат дека ќе биде пронајдена жива.

„Да, тоа е последното што го видовме. Бараме повеќе видеа, повеќе вести, нешто што ја прикажува на некои други места, но сè уште не гледаме ништо“, рече нејзината мајка.

Иако не виделе други видеа или слики од неа, нејзината мајка изјавила дека некој се обидел да ја искористи нејзината кредитна картичка неколку пати во Појасот Газа, иако не е јасно кој.

„Снимката, знаете, изгледа многу лошо, но сепак имам надеж. Се надевам дека некаде е сеуште жива. Немаме на што друго да се надеваме, се трудиме да веруваме“, вели нејзината мајка.

Девојката била меѓу стотиците жртви во Израел кога Хамас го нападна фестивалот во саботата, што брзо стана најголемиот напад врз Израел во последните 50 години.

Во бруталниот напад на еврејската држава загинаа над 800 Израелци, повеќе од 2.150 беа повредени и најмалку 100 киднапирани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK