(Видео) Нападнат руски Белгород, има повредени

belgorod-napad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинско беспилотно летало удри во зградата на градската управа во Белгород, при што беа повредени две жени, објави гувернерот на руската погранична област Белгород, Вјачеслав Гладков, пренесува руската државна новинска агенција Тасс.


„Непријателски дрон удри во управната зграда на Белгород. Две лица се повредени: една жена се здобила со рани од шрапнели, додека другата со повреда од експлозија. На повредените им се пружа сета неопходна медицинска помош“, напиша Гладков на својот канал на Телеграм.

Според Гладков, стаклата на зградата се искршени, а фасадата е оштетена. Сите служби за итна помош излегоа на лице место за да ги расчистат последиците од нападот. Гладков изјавил и дека дрон паднал на покривот на трговски центар во близина на железничката станица, при што нема жртви, но е оштетен еден автомобил.

На социјалните мрежи се шири видео од беспилотно летало кое паѓа и експлодира недалеку од човекот кој што снима. Според првичните информации, тој не е повреден во експлозијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK