(Видео) Напад со нож во Даблин, петмина повредени, меѓу нив три деца

Видео-Напад-со-нож-во-Даблин-петмина-повредени-меѓу-нив.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пет лица, меѓу кои три деца, се пренесени во болница по сериозен инцидент во Даблин, соопшти ирската полиција. Инцидентот се случил во центарот на градот нешто по 13:40 часот по локално време.

Ирската телевизија РТЕ објави дека повредите биле предизвикани од убодни рани. Ранети се маж, жена и три малолетни деца. Областа е опколена и прогласена за место на злосторство.

Едно девојче и една жена се лекуваат со тешки повреди. Други две деца и еден маж се згрижени со полесни повреди, соопшти полицијата.

„Пет жртви се пренесени во различни болници во регионот на Даблин“, изјави портпаролот на ирската полиција. „Меѓу жртвите има возрасен маж, возрасна жена и три мали деца“, додаде тој.

Полицијата соопшти дека следи „дефинирана линија на истрага“ и дека во моментов не трага по никого.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK