(Видео) Најмалку 99 загинати, стотици исчезнати во пожарите во Чиле

Видео-Најмалку-99-загинати-стотици-исчезнати-во-пожарите-во-Чиле.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во шумските пожари во централниот дел на Чиле загинаа најмалку 99 луѓе, а стотици се исчезнати, соопштија властите вчера, додека претседателот Габриел Бориќ предупреди дека земјата се соочува со „трагедија од многу големи размери“.

Шумските пожари што избувнаа пред неколку дена ги загрозуваат надворешните рабови на Вина дел Мар и Валпараисо, два крајбрежни туристички града западно од главниот град Сантијаго, дом на повеќе од милион жители.

Снимките од дронови на Ројтерс во областа Вина дел Мар покажуваат изгорени цели населби, жители кои бараат меѓу остатоците од изгорените домови и улици преполни со уништени автомобили. Чилеанските власти воведоа полициски час во најтешко погодените области и ја испратија војската да им помогне на пожарникарите да се борат со пожарот.

„Таа бројка сигурно ќе порасне, значително ќе порасне“

Чилеанската медицинска служба соопшти дека 99 лица загинале во пожарите, а 32 тела биле идентификувани. Претходно денеска, претседателот Бориќ, прогласувајќи дводневна национална жалост, рече дека Чиле мора да се подготви за уште лоши вести.

„Таа бројка сигурно ќе порасне, значително ќе порасне“, рече Бориќ во телевизиското обраќање до нацијата. Стотици луѓе се водат како исчезнати, повеќе од илјада домови се оштетени, а повеќе од 90 пожари беснеат низ земјата, соопштија властите.

Во однос на бројот на жртви, овие пожари ја претставуваат најголемата катастрофа во Чиле од земјотресот во 2010 година, во кој загинаа околу 500 луѓе. „Сите сме заедно во борбата против оваа несекојдневна ситуација. Приоритет е да се спасат животи“, рече претседателот Бориќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK