(Видео) Најмалку 74 загинати во пожарот во зграда во Јоханесбург, меѓу нив и 12 деца

pozar-zgrada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 74 лица загинаа во пожар во зграда што избувна вчера во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, покажуваат најновите информации на службите за итни случаи. Повеќе од 50 лица се повредени, пишува Си-eн-eн.


Пожарот избувнал во раните утрински часови, околу 01:30 часот. Властите соопштија дека се движеле низ зградата кат по кат, барајќи преживеани и извлекувајќи јагленисани тела. Најмалку 12 деца има меѓу жртвите, соопштија градските власти на прес-конференција вчера попладне. Оттогаш пожарот е изгаснат.

Јоханесбург е еден од најнееднаквите градови во светот со огромна сиромаштија, невработеност и станбена криза. Според провинциската влада Гаутенг, околу 15.000 се бездомници. Пожарите се секојдневна појава во Јоханесбург, особено во сиромашните области.

Ова е четврта постара зграда која е зафатена од пожар во Јоханесбург во изминатите неколку месеци, објави локалната новинска организација Тајмс Лајв. Претходно во август, најгорниот кат од зграда во предградието Јеовил, блиску до централната деловна област, беше запален.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK