(Видео) Најмалку 12 мртви во масовно пукање во Москва: први снимки и слики од местото на масакрот

rusija-pukanje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку 12 лица загинаа во масовно пукање што се случи во Москва во концертна сала.

Најмалку три лица во маскирни униформи отворија оган во концертното место Crocus City Hall во близина на Москва.

Најмалку 12 лица се убиени во пукање во концертна сала во московското предградие Красногорск, според каналот на Телеграм, База, пренесува Новаја Газета.

Покрај загинатите, најмалку 35 лица се повредени во нападот, кој го извршија тројца мажи облечени во маскирни униформи во Crocus City Hall, пишуваат државните новински агенции.

Очевидци опишаа и експлозија што се случила во концертната сала пред пукањето.

На видеата кои кружат на социјалната мрежа „Х“ од далечина се гледа како се шири голем чад од местото каде што се пукало.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK