(Видео) Млада жена од Мексико ја спасила ќерка си од ајкула, па починала

Видео-Млада-жена-од-Мексико-ја-спасила-ќерка-си-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Млада жена од Мексико починала откако била касната за ногата од ајкула во Тихиот Океан во близина на плажа во градот Мелака, соопштија властите во неделата.


Рафаел Араиза, шеф на локалната канцеларија за цивилна одбрана, рече дека нападот се случил на кратко растојание од плажата.

Аријаза рече дека 26-годишната жена пливала со својата петгодишна ќерка кон пловечка платформа за играње на околу 25 метри од брегот, пренесува „Yahoo“.

Жртвата се обидувала да го турне своето дете на пловечката платформа кога ја здогледала ајкулата. Успеала и ќерката не била повредена, но ајкулата ја каснала мајка ѝ за ногата.

Аријаза рече дека и покрај брзата реакција на спасувачите, жената починала од загуба на крв од големата рана при каснување на ногата.

Таа била жител на блискиот град.

Властите како мерка на претпазливост ги затворија плажите Мелака и Бара де Навидад за капење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK