(Видео) Мигранти нападнаа гранични патроли на Србија и Унгарија: пукаа од автоматско оружје, Орбан со остра порака

Видео-Мигранти-нападнаа-гранични-патроли-на-Србија-и-Унгарија-пукаа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија неодамна била нападната со автоматско оружје и посочи дека насилството со мигрантите е во пораст.



Орбан на социјалната мрежа „Х“ нагласи дека е време сите да се соочат со вистината дека бриселскиот договор за ова прашање пропаднал.

„Насилството меѓу мигрантите е во пораст. Пред три ноќи беше нападната заедничката гранична патрола на Унгарија и Србија, имаше пукотници од автоматско оружје. Со ова мигрантите го преминаа Рубикон. Време е да се соочиме со фактите: бриселскиот пакт за миграција пропадна“, напиша Орбан.

Тој посочи дека овој проблем ќе се прошири и најверојатно ќе се продлабочи во текот на есента.

„Нов миграциски пакт беше усвоен на крајот на јуни, и покрај противењето на Унгарија и Полска. Сега е септември, и јасно е дека пактот веќе пропадна. Годинава забележавме 128.000 обиди за преминување на јужната унгарска граница. Нападите врз граничарите станаа вообичаени, евидентирани се 168 сериозни напади, а неколку наши полицајци беа повредени“, рече Орбан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK