(Видео) Мечка влезе во кујна на хотел и го нападна чуварот: камерата го снимила инцидентот во САД

Видео-Мечка-влезе-во-кујна-на-хотел-и-го-нападна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот Скај Њуз објави видео од надзорната камера на еден од хотелите во Аспен, планински туристички град во државата Колорадо во САД, на која се гледа како мечка нападна чувар.

Имено, мечка влегла во кујната на луксузно одморалиште и наишла на чуварот.

Откако слушнал необичен звук, чуварот решил да отиде во кујната каде ја „сретнал“ мечката. Мечката го нападна, го собори на под, му ја скина кошулата и го изгреба по грбот, пишува Н1.

Човекот успеал да побегне, а мечката била еутаназирана по нападот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK