(Видео) Маж внимателно го брише и го прска со течност столот пред Ким да седне на средбата со Путин

Видео-Маж-внимателно-го-брише-и-го-прска-со-течност.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Безбедносниот тим на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун неколку минути го дезинфицирал столот на кој седел Ким за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска рускиот весник Комерсант.


На видеото се гледа како севернокорејски службеник од обезбедувањето носи бели ракавици и внимателно го брише црниот стол на Ким и го прска со непозната течност.

Севернокорејецот го испрскал и избришал седиштето, додека „обезбедувањето“ на Кремљ го гледал малку зачудено. Друг агент на севернокорејската безбедносна служба потоа му наредил нешто на колегата кој вршел дезинфекција, но не се знае каква е наредбата.

„Излегува дека столчето е најголемата грижа на севернокорејската страна“, напиша дописникот на Комерсант од Кремљ, Андреј Колесников.

Се чини дека безбедносниот тим на Ким, со повеќе од 100 луѓе, бил незадоволен од првото столче, а руската страна потоа донела уште едно, објави Комерсант.

„Потоа вработен во Северна Кореја неколку минути без застанување го бришеше столчето наменето за Ким Јонг Ун, носејќи бели ракавици: судејќи по мирисот, го дезинфицира“, додава Комерсант, еден од водечките руски весници.

Вчера Путин и Ким разговараа за воени прашања, војната во Украина и можната руска помош за севернокорејската сателитска програма.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK