(Видео) Маж се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон

Видео-Маж-се-самозапали-пред-израелската-амбасада-во-Вашингтон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон, соопштија американските служби за итни случаи. Како што јави Би-би-си, инцидентот се случил во неделата околу 13 часот по локално време.


Службениците на американската тајна служба успеале да го изгаснат пожарот, по што мажот бил пренесен во болница со повреди опасни по живот.

Американските медиуми подоцна ја цитираа портпаролката на американските воздухопловни сили дека човекот бил активен воздухопловец на американската армија.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како маж извикува „Слободна Палестина“ додека гори, објавија американските медиуми.

На местото на настанот е испратена и Единицата за деактивирање бомби поради загриженост за сомнително возило кое може да биде поврзано со лицето. Но, возилото е прогласено за безбедно откако во него не биле пронајдени опасни материи.

Во инцидентот нема повредени од персоналот на амбасадата, изјави портпаролката на амбасадата за „Њујорк Тајмс“.

Во соопштението, израелското Министерство за надворешни работи рече дека човекот не бил познат на персоналот на амбасадата.

Истрагата на полицијата во Вашингтон, Тајната служба и другите релевантни органи е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK