Мажот чиј идентитет се уште не е утврден, а се самозапали на бензинска пумпа во Манчестер е во смртна опасност, а според последните информации изгореле околу 90 отсто од кожата.
На местото на инцидентот може да се види опожарен куфер, два противпожарни апарати и големо празно шише.
Како што пренесува Дејли Мејл, на пумпата е забележана и изгорена обувка, но не се знае на кого му припаѓа.
Засега не е познато зошто мажот наводно се самозапалил, а судејќи по се што е пронајдено на местото на настанот може да се заклучи дека до овој инцидент не дошло случајно.
Две противпожарни возила се уште се на терен, како и екипа на вештачење кои ги истражуваат сите околности.