Кина соопшти дека двајца нејзини астронаути завршија деветчасовна вселенска прошетка во вторникот, надминувајќи го американскиот рекорд за најдолга вселенска прошетка во светот поставен во 2001 година. Настанот ја претставува новата пресвртница во амбициозната вселенска програма на Кина.
Каи Ксуже и Сонг Лингдонг, членови на екипажот на вселенскиот лет Шенжоу-19, завршија деветчасовна активност надвор од леталото, позната како вселенска прошетка, нешто пред 22 часот по пекингшко време, објави Кинеската вселенска агенција.
On Dec 17 at 1:57 PM UTC, the Shenzhou-19 astronauts Cai Xuzhe, Song Lingdong, and Wang Haoze successfully completed a 9-hour spacewalk, achieving multiple tasks through close cooperation at Tiangong Space Station. Full HD:https://t.co/KiS1Qsc5Hz pic.twitter.com/qNkV6S6IlW
— CNSA Watcher (@CNSAWatcher) December 18, 2024
Претходниот рекорд од осум часа и 56 минути беше поставен од американските астронаути Џејмс Вос и Сузан Хелмс на 12 март 2001 година, според НАСА. Кина направи значителни напори да се етаблира како главен играч во вселената – домен што земјите, вклучително и Соединетите држави, сè повеќе го истражуваат, не само за научна корист, туку и за ресурси и национална безбедност.
Кинеската Национална вселенска администрација спроведе серија посложени роботски лунарни мисии во последниве години, вклучувајќи го и првото враќање на примероци од Месечината од далечната страна на Месечината претходно оваа година. Таа, исто така, се обидува да стане втората земја, по САД, која ќе испрати луѓе на Месечината, а претстави и специјално дизајниран вселенски костим за мисијата, која се очекува да се случи до 2030 година.