Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се расплака на неодамнешниот состанок со жените, каде повика на напори за борба против опаѓањето на наталитетот во земјата.
На снимката, која се прошири на социјалните мрежи, може да се види Ким Џонг-ун како гледа надолу и ги брише солзите од лицето.
„Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се сите наши домашни обврски што мораме да ги извршуваме додека работиме со мајките“, рече тој, цитиран од новинската агенција Ројтерс. Се се случило на Националниот состанок на мајките организиран во Пјонгјанг. На митингот Ким Џонг-ун ги повика жените да раѓаат повеќе деца „за доброто на партијата, револуцијата и на целата земја“.
North Korean dictator Kim Jong-un crying like a baby while addressing an audience of women during an event at the headquarters of the communist party.
He was asking the women to have more kids:
“for the good of the party, the revolution and the country” pic.twitter.com/4zJJA1d4VV
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 6, 2023
Заблагодарувајќи им се на мајките за нивната улога во зајакнувањето на националната моќ, Ким Џонг-ун рече: „Секогаш мислам и на мајките кога ми е тешко да се справам со партиската и државната работа“.
Фондот за население на Обединетите нации ја проценува стапката на фертилитет во Северна Кореја на 1,8 во услови на долгорочен пад на стапката во последните децении. Ова е повеќе во однос на некои соседни земји. Во Јужна Кореја, стапката на фертилитет падна на рекордно ниско ниво од 0,78 минатата година.
Стапката на фертилитет во Јапонија падна на 1,26.
Северна Кореја има околу 25 милиони жители. Изолираната земја се соочува со сериозен недостиг на храна поради смртоносниот глад во 1990-тите и други природни катастрофи.