Вулкан еруптираше во близина на рибарскиот град Гриндавик во југозападен Исланд, помалку од еден месец од претходната ерупција во областа. Синоќа властите наредија евакуација на неколку илјади жители, со забрана за нивно враќање во наредните три недели.
Ерупцијата започна утрово. Цело утро се работеше на изградба на бариери од земја и карпи за да се спречи лавата да стигне до Гриндавик, но се чини дека тоа не функционираше.
Лавата стигнала до ова рибарско село и почнала да „голта“ куќи, а во близина имало и згради.
Досега изгореа најмалку две куќи.
The new volcanic fissure that opened up in Grindavík, Iceland today.
In the video, the first buildings are affected by the lava.pic.twitter.com/4QGZaROINo
— Massimo (@Rainmaker1973) January 14, 2024