(Видео) Израелската војска ослободи двајца заложници, 60 загинати во напад врз град на границата

Видео-Израелската-војска-ослободи-двајца-заложници-60-загинати-во-напад.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската армија објави дека ослободила двајца заложници за време на рацијата на нејзините специјални сили синоќа во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа.


Заложниците биле однесени во болницата Шеба во централниот дел на Израел каде што биле прегледани и било утврдено дека се во добра состојба.

Армијата објави дека се ослободени 60-годишниот Фернандо Симон Марман и 70-годишниот Луис Хар. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на „Икс“, објави дека тоа е „импресивна операција за ослободување“, додавајќи дека ја надгледувал акцијата од Командниот центар заедно со премиерот Бенјамин Нетанјаху и високи воени команданти.

Според Си-ен-ен, и двајцата заложници биле киднапирани од Кибуц Нир Јицак на 7 октомври за време на упадот на Хамас во јужен Израел. Тогаш, исламистичките милитанти убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 240 од нив киднапираа и ги одведоа во Газа.

Фернандо Симон Марман

Одговорот на Израел на нападот на Хамас предизвика големи разурнувања во Газа. Палестинското Министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас, објави дека од 7 октомври досега се убиени повеќе од 27.500 луѓе.

Гранатиран Рафах, најмалку 60 мртви

Најмалку 60 лица загинаа во синоќешното израелско гранатирање на Рафах, град кој се наоѓа на самиот југ од Појасот Газа и во близина на египетската граница.

Луис Хар

Во последниве месеци, Рафах стана град домаќин на мнозинството палестински бегалци раселени од израелското бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа, во кој моментално живеат 1,4 милиони луѓе, според проценките на Обединетите нации.

Хамас предупреди дека нападот врз Рафах ќе го „торпедира“ договорот за заложниците

Нападот на Рафах се случи иако претходно вчера Хамас најави дека офанзивата на тој град ќе го „торпедира“ секој договор во врска со ослободувањето на заложниците кои се во нивно заробеништво од 7 октомври минатата година, а против офанзивата се изјаснија и САД, главниот сојузник на Израел.

Сепак, се чини дека синоќешното гранатирање на Рафах не го означи почетокот на офанзивата на тој простор. 14 куќи и три џамии беа погодени во различни делови на градот, а израелската армија објави дека извршила „серијата напади врз јужниот дел на Газа кои сега се завршени“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK