(Видео) Израелската армија почна да пумпа морска вода во тунелите на Хамас во Газа, каде што наводно кријат заложници

Видео-Израелската-армија-почна-да-пумпа-морска-вода-во-тунелите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелската армија (ИДФ) почна да пумпа морска вода во комплексот тунели на Хамас во Појасот Газа, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според американскиот весник, процесот на испумпување на морската вода најверојатно ќе трае со недели.

Некои претставници на американската администрација рекоа дека процесот може да помогне да се уништат тунелите во кои палестинската милитантна група наводно крие заложници, борци и муниција.

Други официјални лица изразија загриженост дека тоа може да ги загрози резервите на чиста вода во Газа.

Засега ИДФ и израелското Министерство не реагираа на пишувањето на американскиот весник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK