Канцеларијата за медиуми на Газа, управувана од Хамас, вчера негираше дека има команден центар во болницата Ал Шифа и ги нарече тврдењата на Израел „неосновани лаги“. Хамас го обвини Израел дека прикажува „лажни сценарија, измислени наративи и искривени информации“ за медицинскиот комплекс Ал Шифа.
Вчера израелската армија објави видео со кое потврдува дека во болничкиот комплекс е пронајден отвор на тунел. На видеото се гледа дупка во земјата опкружена со песочна почва, скршени парчиња метал и расфрлан бетон, пишува Си-ен-ен.