(Видео) Израел нападна шаторска населба во Газа: „Ова изгледа како нов израелски масакр“

27ff71aa-80c7-4278-aa89-ddb985b5a412.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вкупно 65 лица се убиени и ранети во израелските воздушни напади врз населба со шатори во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија денеска претставници на Газа, додека израелската армија тврди дека цел на нападот бил командниот центар на Хамас.


Лекарите и локалните жители велат дека шаторската населба се наоѓа во близина на градот Кан Јунис, во областа Ал-Маваси, која е означена како хуманитарна зона, со оглед на тоа што е преполна со раселени Палестинци.

Најмалку четири проектили паднале на споменатото подрачје, при што биле запалени дваесет шатори и зад себе оставиле кратери длабоки девет метри.

Претставниците на Газа наведуваат дека загинале и биле ранети 65 лица, но не се знае точно колку од нив загинале, а колку се ранети. Министерството за здравство сè уште собира податоци, додека новинската агенција „Хамас Шехаб“ објави дека загинале 40 Палестинци.

„Нашите тимови сè уште трагаат и ги евакуираат ранетите. Ова личи на уште еден израелски масакр“, изјавил функционер во Газа.

Израелската армија соопшти дека биле нападнати од терористи на Хамас кои формирале командно-контролен центар во хуманитарната зона. „Терористите напредуваа и извршија терористички напади против нашите војници и државата Израел“, се вели во соопштението на израелската армија.

Хамас ги отфрли сите обвинувања за користење на цивилни области за воени цели. „Обична лага е да се оправдаат овие страшни злосторства. Во зоните во кои живеат цивили, нема наши членови, нема кој би го искористил тој простор за воени цели“, рече Хамас.

Локалните жители изјавија дека над нив се уште се слушаат израелски авиони, додека амбулантни возила на теренот го обиколуваат погоденото подрачје и ги транспортираат ранетите во болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK