Работник од Гамбија кој работел во Финкантиери заедно со својот колега стана еден од хероите на спасувањето патници од автобус.
Бубакар Туре за Газетино изјави дека им помогнал на пожарникарите да извлечат четири лица од возилото, меѓу кои и една девојка, која потоа им ја дал на болничарите.
„Освен нив, дури успеав да извлечам и мало куче“, вели младиот човек.
Двајца работници откако ја завршиле смената во фабриката, која е оддалечена неколку стотини метри од местото на несреќата, веднаш се стрчале кон автобусот кој се запалил за да се обидат да помогнат.
„Го видов возачот во кабината на автобусот, но тој веќе беше мртов“, рече Бубакар.
„Пожарникар тогаш ми рече дека треба да размислуваме за живите, повредените, па му помогнав да ги извлече тие луѓе, да ги извади надвор“.
Идентификувани се 11 повредени, многумина се на интензивна нега
Меѓу 15-те повредени, идентификувани се 11: четворица Украинци, двајца Шпанци, двајца Австријци и по еден Германец, Французин и Хрват. Повеќето од нив се на интензивна нега.
Две лица синоќа се оперирани во Падова каде сега се на интензивна нега.