(Видео) „Хамас убиваше со часови без отпор“, репортажа на АФП за масакрот на фестивалот

Видео-„Хамас-убиваше-со-часови-без-отпор-репортажа-на-АФП.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ошер и Мајкл Вакнин сакаа да го прослават пријателството, љубовта и слободата. Близнаците, на возраст од триесет години, „правеа забави низ Израел и секогаш беа среќни деца“, рече нивната сестра. Нивната последна забава се претвори во страшна трагедија. Тие беа нападнати од Хамас.


Фестивалот започна во петокот, со околу 3.500 љубители на електронската музика од Израел и странство собрани под светли обоени натстрешници на настанот Супернова, на само пет километри од границата со Газа. Три бини, диџеи од целиот свет, кампување, барови. Сè беше подготвено за танцов викенд во пустината Негев, пишува АФП во извештајот за масакрот што го одбележа бруталниот напад на Хамас врз Израел.

Но, во мугрите на 7 октомври, музиката нагло беше прекината. Беше околу 6:30 часот наутро. Оддалеку се слушаше бучава која не е поврзана со забавата. „Луѓе, црвен аларм“, предупреди разгласот. Искри на небото, проследено со експлозија на ракети пресретнати од Железната купола, израелскиот систем за противвоздушна одбрана. Ова беа првите показатели за ужасот што следеше.

Ефрем Мордечаев е 23-годишен војник кој дошол да се забавува за викенд. Отпрвин, „не го разбравме обемот на настаните“, изјави Мордечаев за АФП во неговиот стан во северниот град Ор Акива. На раката сè уште ја носеше фестивалската нараквица.

„Бевме мирни, навикнавме на ракети истрелани од Газа“, додаде тој. Младиот човек и неговите пријатели почнале да си одат, но набрзо сфатиле дека нешто многу поголемо се случува околу нив. Се појави толпа вооружени напаѓачи кои пристигнаа пеш, со мотори или од воздух.

„Некој е на десет, дваесет метри од вас со оружје и се обидува да ве убие“, опиша тој.

Напаѓачите ги убиле сите што им се наоѓале на патот. Чуварите и полициските службеници на местото на настанот брзо биле совладани. Сите се бореа да преживеат, а некои трчаа кон блиските ниви, додека други се обидуваа да стигнат до возилата на фестивалските паркинзи.

Вознемирувачко видео од автомобилот од фиксната камера на шофершајбната, покажува обид за бегство на еден учесник на фестивалот. По нешто повеќе од 15 секунди од снимката, човекот е пречекан од првиот милитант на Хамас, кој почнува да пука во автомобилот. Изгледа дека возачот некако успеал да ги избегне куршумите, но набрзо пред неговиот автомобил се појавуваат нови терористи и му немало спас.

Набрзо настанал сообраќаен метеж. „Погледнав наназад и видов дека во автомобилот зад мене има три тела, а стаклата на сите автомобили се скршени“, изјави Мордечаев. Имаше само две опции: да се скриеш или да трчаш кон околните полиња. Младиот војник го избра второто.

Трчал од грмушка до грмушка, преплашен, додека не го собрал веќе натоварен автомобил. Но, патот 232, единствениот излез од страдањата и смртта, не бил многу побезбеден. Патот оди паралелно со границата меѓу Израел и Појасот Газа, поврзувајќи го соседниот Кибуц Реим со градот Сдерот, на околу 30 километри северно.

Друга посетителка на фестивалот, Гили Јоскович, решила да го остави своето возило и да трча кон напуштените полиња каде што речиси и да немало засолниште. Младата жена забележала мал овоштарник и истрчала да се засолни, а напаѓачите ја следеле. И други се обидуваа да се сокријат.

Некои со часови биле зад автомобилот или избегале кога се приближиле напаѓачите. Други лежеа меѓу мртвите, надевајќи се дека ќе преживеат.

Три часа по почетокот на нападот, Хамас го продолжи колењето без да наиде на отпор. Надзорните снимки од 9:23 часот покажуваат човек во црна капа и панцир како води заложник облечен во крвава маица.

Во позадината ненадејно се помрдна млад човек кој се преправал дека е мртов. Изгледа мислеше дека може да почне да бега. Но, тој не го видел напаѓачот како доаѓа од зад него. Тој беше убиен од непосредна близина. Неколку преживеани изјавија за медиумите дека чекале шест до седум часа пред да бидат спасени од израелската армија.

Кога пристигнале првите спасувачи, биле преплашени од обемот на масакрот: загинале околу 270 луѓе, а на патиштата имало десетици изгорени возила. Вреќи за спиење, душеци, чевли и ладилници беа расфрлани на земја.

„Имаше по едно, две или три тела во секој автомобил“, изјави за АФП Моти Букјин, израелски волонтер кој ги извлекува мртвите. „Некои автомобили изгореа со луѓе внатре“, додаде тој. Неколку дена по масакрот, мртвите сè уште се наоѓаат, а вознемиреноста ги глода семејствата додека трагаат по исчезнатите.

Се верува дека десетици се киднапирани и земени како заложници во Газа, која сега е цел на интензивно бомбардирање на израелските сили. Ахува Мајзел последен пат се слушнала со нејзината 21-годишна ќерка Ади еден час по изгрејсонцето.

„Беспомошни сме, потполно сме беспомошни како родители“, рекла Мејзел чекајќи вести за своето дете. Семејството на Мајкл Вакнин се прашува дали тој е жив меѓу затворениците. Неговата сестра Ауса сака да верува дека е жив, но нема слух за него од нападот.

Сведоците го виделе нивниот брат Ошер како излегува од автомобилот и се обидува да ги спаси луѓето во хаосот. Неговата вдовица Сани Вакнин рече дека умрел како херој. Тој беше погребан во вторник во Ерусалим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK