(Видео) Хамас го осуди Израел за фотографиите на приведените Палестинци во долна облека, реагираше и Иран

Видео-Хамас-го-осуди-Израел-за-фотографиите-на-приведените-Палестинци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Висок функционер на Хамас го осуди Израел за, како што велат, грозоморното злосторство врз невини цивили, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од палестински затвореници во долна облека.


Изат Ел-Решик, кој се наоѓа во егзил, ги повика меѓународните организации за човекови права да интервенираат за да дознаат што се случило со луѓето од фотографиите и да помогнат во нивното ослободување.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека е загрижен за објавените фотографии и нагласи дека кон затворениците треба да се постапува хумано во согласност со меѓународното хуманитарно право.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, чија земја го поддржува Хамас, исто така го критикуваше Израел „за неговиот варварски однос кон невините затвореници и цивили“ на социјалната мрежа Х.

Во четвртокот, израелската ТВ станица Он објави видео од наводни членови на Хамас како седат на улица во Газа, голи и со завои над главите.

„Зборуваме за поединци кои се предале во Џабалија и Шеџаија (во градот Газа), упоришта на Хамас“, рече портпаролот на израелската војска Ејлон Леви на прашањето за спорните фотографии.

„Зборуваме за работоспособни мажи во области кои цивилите требаше да ги напуштат пред неколку недели“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK