(Видео) Гром удри во авион над Британија

grom-let-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авион кој летал кон аеродромот Хитроу во Лондон бил погоден од гром. Летот на Бритиш ервејс од Штутгарт бил пренасочен по удар на гром и авионот слетал на аеродромот Гетвик, пишува британскиот таблоид The ​​Sun.


Од авиокомпанијата за Sky News потврдија дека летот се одвивал во лоши временски услови, но не соопштија дополнителни детали. Патниците биле префрлени на нивната закажана дестинација Хитроу откако авионот слетал во Гетвик непосредно пред 14.25 часот по локално време.

@dailymail A British Airways plane was struck by lightning on its approach to Heathrow Airport, shocking passengers and forcing the crew to divert the flight path. The plane instead landed at Gatwick, with passengers praising the captains decision. #plane #flight ##storm #breakingnews ♬ original sound – Daily Mail

„Летот е пренасочен поради неповолните временски услови. Се извинуваме за непријатностите во плановите за патување на нашите клиенти“, рече портпаролот на Бритиш ервејс. Нема извештаи за повредени или оштетувања на леталото.

Британската метеоролошка служба објави дека вчера имало „обилни и грмотевици“ со „чести молњи“ во многу делови на Англија, вклучувајќи го и Лондон. Експертите наведуваат дека не е толку ретко гром да удри во авион за време на летот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK