Неколку моменти по полетувањето на Боинг 777 на Ер Канада од Ванкувер, снимена е страшна сцена.
Случајно, Итан Вест, кој се школува да стане пилот, го гледал полетувањето и решил се да сними на својот телефон. Сепак, тој не очекувал удар на гром.
@ethan_west10 777-300 departing from yvr to London Heathrow #yvr #boeing #777 #fyp #foryoupage #aviation #lightening ♬ nightcrawler – LOLA ⭑
Експертите велат дека секој авион е погоден од гром еднаш или двапати годишно, но дека патниците не се во животна опасност.
Модерните авиони имаат громобрански спроводници, а тие се направени од јаглероден композитен материјал, покриен со тенок слој бакар кој спроведува струја околу него, пишува Дејли мејл.
Патниците може да видат блесок или да слушнат гром, но остануваат безбедни.
Така беше и по ударот во неделата, а Боингот со 400 патници подоцна безбедно слета во Лондон. Компанијата известува дека леталото е прегледано за да се осигура дека нема штета.