Русија утринава изврши серија ракетни напади врз главниот град на Украина, Киев, како и врз вториот по големина град во земјата, Харков и Павлорад.
„Киев Индипендент“ ја пренесува изјавата на официјалниот претставник дека биле оштетени станбени згради, а најмалку три лица загинале, а 20 се ранети.
Large Russian missile attack targeted Ukraine’s Kyiv, Kharkiv and several other Ukrainian cities earlier this morning. pic.twitter.com/Uf14ZiRu5S
— Clash Report (@clashreport) January 23, 2024
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на „Телеграм“ објави дека десет лица се ранети во главниот град, меѓу кои и 13-годишно момче.