Руските сили извршија воздушен напад врз Киев рано утринава, а експлозии одекнуваа низ главниот град на Украина и регионот речиси два часа, додека делови од погодените беспилотни летала паднаа врз неколку централни области на градот, соопштија официјални лица.
Очевидци изјавија за „Ројтерс“ дека слушнале најмалку пет експлозии низ Киев, а снимките од украинските медиуми покажуваат дека неколку автомобили се оштетени.
Според „Франс 24“, воените власти на Киев во неделата соопштија дека Русија лансирала 32 беспилотни летала камикази во напад на Украина, додавајќи дека 25 од нив биле соборени. Повеќето од беспилотните летала, соопшти украинската војска, биле насочени кон регионот на Киев.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека едно лице е повредено во Подил, една од најстарите населби во градот и дека избувнал пожар во близина на еден од градските паркови.
❗ As a result of a nighttime Russian attack on Kyiv one person was injured. 26 out of 33 drones were intercepted by Ukrainian Air Defense. Most wreckage landed in open areas, but some damage was reported. pic.twitter.com/yNrB96X2jV
— UNITED24media (@United24media) September 10, 2023
Делови од соборените беспилотни летала паднале на областите Дарницки, Соломјански, Шевченковски, Свјатошински и Подилски, објавија Кличко и градската воена управа. Во населбата Шевченковски, остатоци од дрон предизвикаа пожар во стан, кој брзо беше локализиран. Во моментов нема извештаи за повредени, објави на Телеграм Сергеј Попко, шеф на воената администрација во Киев.
Москва редовно врши ноќни напади на територијата на Украина, а во рускиот напад во средата загинаа 17 лица во градот Костијантиновка, јавува Ројтерс.