Експлозија се случи во јужното предградие Дахије во Бејрут, потврдија за Ројтерс два безбедносни извори.
Според неофицијални информации како што пренесува медиумот, четири лица загинале, а повеќе се повредени.
BREAKING NEWS: Reports of a large explosion in Beirut, Lebanon. pic.twitter.com/RzVG5KWzxE
— Karim Wafa Al-Hussaini (@DrKarimWafa) January 2, 2024
Предградието е познато како упориште на либанската вооружена група Хезболах, додава Ројтерс.
Либанскиот државен медиум „АНА“ објави дека нападот бил извршен со дрон во областа Ашрафија во јужен Бејрут.
Израелските медиуми, повикувајќи се на истата агенција, наведуваат дека цел на нападот била канцеларијата на Хамас во Бејрут, а според неофицијални информации, убиен е висок функционер на Хамас, Салех-ал-Ароури.
Оваа информација ја објави телевизијата Хезболах.
Од експлозијата, според написите е причинета голема материјална штета.