(Видео) Експлозија кај судот во Лондон: седум противпожарни возила, наредена евакуација

Видео-Експлозија-кај-судот-во-Лондон-седум-противпожарни-возила-наредена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пожарникарите се упатиле кон областа на судот Олд Бејли во Лондон по извештаите за „серија експлозии“ и „црн остар чад“.

Портпаролот на лондонската противпожарна бригада потврди за Дејли Мејл дека пожарникарите биле повикани во Централниот кривичен суд нешто пред 11 часот, откако добиле пријави за чад.

Екипите кои моментално се на лице место проверуваат повеќе згради на Лејн Ворвик. Присутни се седум противпожарни возила и околу 50 пожарникари.

„Се слушнаа серија експлозии од зграда до Олд Бејли 10-тина минути пред да почне да се појавува чад. Изгледа дека многу згради имале прекини на струја“, напишал еден очевидец на мрежата Х.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK