Во две експлозии загинаа најмалку 50 луѓе, а десетици се ранети во близина на гробиштата во Иран каде се одржа церемонија по повод смртта на врховниот командант на земјата Касем Сулејмани, убиен во 2020 година во напад на американски беспилотни летала, објавија денеска иранските државни медиуми.
Иранската државна телевизија јави за прва, а потоа и за втора експлозија за време на церемонијата во југоисточниот град Керман, наведувајќи дека најмалку 50 луѓе загинале.
„Огромна експлозија се случи во близина на џамијата Сахеб ал Заман, каде што се наоѓа гробот на Сулејмани во Керман“, објави државната телевизија, додавајќи дека втората експлозија се случила неколку минути подоцна, пренесува Франс прес.
BREAKING:
Iranian state media reports an explosion near Kerman city cemetery where Qasem Soleimani is buried. pic.twitter.com/VIof5hkcdM
— Globe Eye News (@GlobeEyeNews) January 3, 2024
Иранската агенција Ноурњуз јавува дека неколку плински боци експлодирале на патот што води до гробиштата и дека властите ја следат ситуацијата.
Агенцијата СНН објави дека амбулантни возила се на пат кон гробиштата каде што стотици Иранци се собраа да ја одбележат смртта на Сулејмани.
„Нашите тимови за брз одговор ги евакуираат повредените, но брановите толпи ги блокираат патиштата“, изјави Реза Фалах, шеф на Црвената полумесечина во провинцијата Керман, за државната телевизија.
Сулејмани, командант на елитните ирански сили Кудс, беше водач на иранските воени операции на Блискиот исток и беше убиен од САД во јануари 2020 година во Ирак.