(Видео) Џеј Ди Венс исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон


7c0369e3-50da-485f-b502-2667802bd136.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше пречекан со свирежи и негодувања од публиката по пристигнувањето на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон.


Додека се одржуваа вообичаените најави пред концертот, во ложата влегоа Венс и неговата сопруга Уша, што предизвика гласни извици и протести во салата, со што најавите станаа речиси нечујни, пренесува Гардијан.

Овој вид отворен политички протест ретко се гледа во инаку резервираниот свет на класичната музика. Венс иронично ѝ одговори на публиката со насмевка и мавтање додека некои му викаа „Ти го уништи ова место!“

Безбедносните проверки на Тајната служба поради доаѓањето на потпретседателот го одложија почетокот на концертот за 25 минути.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK