(Видео) Дрон погоди логистички центар на „рускиот Амазон“, избувна голем пожар


screenshot-2026-08-02-113958.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем пожар избувна во логистичкиот центар на компанијата Wildberries во населбата Новосемејкино во руската Самарска област, откако објектот бил погоден во напад со беспилотно летало, соопшти компанијата.


Според првичните информации, нема повредени лица. Од Wildberries потврдиле дека пожарот бил предизвикан од напад со дрон, а на терен се појавиле големи облаци густ чад. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дел од магацинскиот објект е зафатен од огнот, а дел од конструкцијата се урнал.

Логистичкиот центар, кој беше отворен во мај 2025 година, се простира на околу 130 илјади квадратни метри. По целосното пуштање во работа, неговиот капацитет требаше да достигне прием на до 120 милиони производи.

Wildberries е најголемата руска интернет-продавница и често се споредува со американскиот Amazon поради обемот на работење и логистичката мрежа.

Нападот врз магацинот е дел од серија удари што се случија во текот на ноќта меѓу 1 и 2 август на повеќе локации во Русија. Според руските медиуми, во истиот бран биле погодени и нафтената рафинерија во Саратов, како и воен аеродром кај градот Енгелс.

Руските власти засега не соопштија дополнителни детали за причинетата штета и за тоа кој стои зад нападите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK