Жестоки судири меѓу навивачите и полицијата го одбележаа натпреварот од аргентинскиот Лига куп помеѓу Годој Круз и Белграно.
Натпреварот беше во прекин од половина час поради конфликтот меѓу локалните навивачи и полицијата.
LOS INCIDENTES EN GODOY CRUZ – BELGRANO
Mientras se jugaba el encuentro, los disturbios entre hinchas y la policía en las inmediaciones del Malvinas Argentinas repercutieron en las tribunas, lo que derivó en un triste momento.
🎙️ @PasoaPaso pic.twitter.com/onvuCdXKBB
— TyC Sports (@TyCSports) September 18, 2023
Конфликтот се случил пред стадионот, кога навивачите кои немале билети се обиделе да влезат на трибините, пренесуваат медиумите.
Според написите, ветерот го внел солзавецот на трибините и настанала општа паника.
а видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се забележат навивачи како спасуваат деца кои беа на трибините.
Меѓу нив имало и бебе кое со голема тешкотија го провлекле низ бодликавата жица и на тој начин го заштитиле од солзавецот што го дувал ветрот, јавуваат медиумите во регионот.