(Видео) Драма во Германија: Вооружено лице упаднало во болница и се забарикадирало, полицијата на терен

policija-germanija-x-epa.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Голема полициска и противпожарна операција во моментов е во тек во болницата Луизен во германскиот град Ахен, пренесува Билд. Според првите информации од полицијата има вооружено лице кое се забарикадирало во клиниката.

Областа е опкружена со полиција со шлемови, панцири и автомати, а улиците се затворени.

Специјални единици од Келн се на пат кон локацијата.

Се вели дека една жена запалила пиротехничката опрема, што резултирало со голем облак чад. На терен се неколку противпожарни единици.

Полицијата се уште не може да каже кој точно е вооружениот во болница или кому се заканува.

Не е јасно и дали има повредени.

Полицијата во Келн ја спроведува операцијата како можна заложничка ситуација.

„Сите расположливи служби за итни случаи се алармирани и се на пат“, изјави портпаролката на полицијата.

Болницата Луиз во Ахен е протестантска болница со 378 кревети и дванаесет специјалистички одделенија.

Во болницата работат околу 1.600 вработени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK