Автомобил удри во паркиран теренец кој ја чуваше колоната на американскиот претседател.
Џо Бајден во тој момент го напушташе својот изборен штаб. Американскиот лидер и прва дама Џил Бајден не се повредени.
Додека Бајден одеше од предизборната канцеларија до неговиот блиндиран теренец, автомобилот удри во возило на Тајната служба што се користеше за затворање на сообраќајните крстосници во близина на седиштето во Вилмингтон, Делавер.
Police demanded that the driver open the door. It wasn’t clear whether the driver was responding. pic.twitter.com/4KqmJP7qNy
— Josh Wingrove (@josh_wingrove) December 18, 2023
Возачот потоа се обидел да го вози својот автомобил до затворената раскрсница, пред Тајната служба да го опколи возилото со извадени пиштоли и да му нареди на возачот да ги крене рацете во воздух, пишува „Sky News“. Удреното возило имало видливи оштетувања на предниот браник.
Бајден, според написите, застанал и погледнал изненадено кон звукот пред да биде внесен во возило во кое веќе седела неговата сопруга. Брзо ги вратиле дома. Инаку, инцидентот не се одрази на распоредот на американскиот претседател. Тајната служба сè уште нема коментар за инцидентот.