Се појави видео на кое се гледа како сегашниот руски претседател Владимир Путин е во посета на Финска на почетокот на 1990-тите. Финскиот радиодифузен сервис YLE доби никогаш досега виден аматерски филм од анонимен извор. Видеото е направено набргу откако Путин, кој тогаш имал околу 40 години, станал советник на Анатолиј Собчак, градоначалникот на Санкт Петербург.
Путин и Собчак на снимката играат пинг-понг против телохранителите на градоначалникот. Путин во еден момент се насмевна. Потоа отиде на риболов. Путин е свртен со грбот кон камерата, иако јасно е свесен дека го снимаат, пишува Гардијан.
Archival videos of Putin from the early 1990s were published by Finnish broadcaster Yle
“A unique home archive shows how Putin spent his free time at a luxury villa in southern Finland during the collapse of the Soviet Union.”
At the time, Putin was head of the foreign… pic.twitter.com/WJYX8pi1U4
— NEXTA (@nexta_tv) September 24, 2023
На враќање, сопругата на Путин во тоа време Људмила ја вади уловената риба. Во видеото се гледаат и нивните две ќерки Марија и Катерина. Путин потоа игра пикадо. Филмот е снимен во угостителска вила во сопственост на финската компанија Томесто, која увезувала дрва од Русија.
Вилата се наоѓала на островот Торсо, околу 95 километри западно од Хелсинки, на јужниот брег на Финска. Инаку, сегашниот руски претседател се врати во Ленинград – сегашен Санкт Петербург – во 1990 година, откако помина пет години како разузнавач на КГБ во источногерманскиот град Дрезден.
Тој се приклучи на тимот на Собчак и стана шеф на Комитетот за надворешни односи, одговорен за трговски прашања и странски инвестиции. Од тој период датираат и првите обвинувања против Путин за корупција. Путин тврди дека поднел оставка од КГБ во август 1991 година во знак на протест поради неуспешниот пуч против Михаил Горбачов.