(Видео) Додека Бајден се бранеше дека има добра меморија, направи уште еден гаф: ги помеша претседателите на Египет и Мексико

Видео-Додека-Бајден-се-бранеше-дека-има-добра-меморија-направи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот претседател Џо Бајден направи уште еден гаф на прес-конференција кога ги помеша претседателите на Египет и Мексико.

– Како што знаете, на почетокот мексиканскиот претседател Сиси не сакаше да ја отвори границата за да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа. Разговарав со него. Го убедив да ја отвори портата – рече Бајден на конференцијата.

Проблемот е што претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси е тој што овозможил хуманитарна помош да влезе во Газа, а не мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, пишува New York Post.

Весникот посочува дека Бајден направил гаф само неколку минути откако рекол дека меморијата му е одлична, како одговор на извештајот на специјалниот обвинител во кој се наведува дека американскиот претседател има ограничена меморија.

Бајден ги критикуваше наводите на специјалниот советник Роберт Хур дека американскиот претседател не се сеќава кога починал неговиот син Бо, наведувајќи ги неговите проблеми со меморијата.

– Како се осмелува да направи такво нешто? Кога ми го поставија тоа прашање, си помислив дека такво нешто не е нивна работа – рече Бајден за време на својот говор во Белата куќа.

– Меморијата ми е доста добра. Јас сум постар човек и знам што правам – изјави американскиот претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK