(Видео) Демонстрантите во Мексико насилно влегоа во зградата на Сенатот, тие се против контроверзната реформа

Screenshot-2024-09-11-081313.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сенатот на Мексико ја продолжи расправата за контроверзните судски реформи на алтернативна локација, откако демонстрантите упаднаа во салата на Сенатот среде седницата.



Демонстрантите насилно влегоа во зградата на Сенатот додека траеше дебатата, што беше ескалација на неколкунеделни масовни протести против реформите, за кои критичарите стравуваат дека може да го поткопа владеењето на правото во земјата.

Дебатата, која најверојатно ќе трае до раните утрински часови, продолжи во 19 часот по локално време, откако беше преместена на поранешната локација на Сенатот, зградата Ксикотенкатл.

Претходно во текот на денот, претседателот на Сенатот Хозе Херардо Фернандез ја прекина седницата и побара од пратениците да останат смирени бидејќи демонстрантите ги преплавија горните катови на салата, извикувајќи „предавници“ спротивставувајќи се на реформите.

Главните трговски партнери на Мексико, САД и Канада, предупредија дека промените би можеле да го поткопаат трговскиот пакт на трите земји и негативно да влијаат на инвестициите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK