Британски турист сам се качувал на планината Дахштајн во Австрија, а потоа паднал од височина од околу 90 метри и загинал.
Според тамошните медиуми, многу луѓе знаат за ова место, и го посетуваат, иако се препорачува само искусните алпинисти да се осмелат на тој чекор.
The stairway to heaven pic.twitter.com/GH4LFVJn9o
— Ally Law (@AllyALaw) September 21, 2023
42-годишниот Британец не успеа да ги освои таканаречените „Скалила до рајот“. И покрај брзото пристигнување на хеликоптерот на местото на несреќата, човекот не преживеал, пишува „The Sun“.
„Немаше помош за него. Неговото тело беше извлечено од јамата под скалите“, портпаролот на полицијата го прогласил инцидентот како несреќен случај.
На таа локација, на социјалните мрежи, има повеќе од три и пол илјади означени објави, а пред три години таму е направена фотографија од спортист кој балансира на скала без појас, пишува медиумот.