(Видео) Бајден повторно се изгуби, тој залута, а Мелони го повлече за ракав

Screenshot-2024-06-14-134537.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот претседател Џо Бајден со своето однесување веќе подолго време предизвикува загриженост и сомнеж за неговото ментално здравје. Списокот на незавидни моменти е предолг, од мешање имиња на луѓе и држави, заборавеност, поздравување на мртвите и бројни други непријатни моменти.

Светските лидери во моментов се во Италија на состанокот на Г7 чиј домаќин е италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека Бајден навидум се изгубил и се оддалечува од своите колеги за време на демонстрациите на скок со падобран.

Мелони потоа го повлече за ракав и го врати кај другите светски лидери, по што Бајден видно збунет ги стави очилата за сонце.

Ова не беше единствениот бизарен инцидент на Бајден на самитот на Г7. Пред тоа, на едно видео беше прикажано како американскиот претседател и салутира на Мелон, а истото го направи и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK