(Видео) Азербејџан: Почнавме специјална антитерористичка операција во Нагорно-Карабах

Видео-Азербејџан-Почнавме-специјална-антитерористичка-операција-во-Нагорно-Карабах.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Азербејџан почна со воена акција на територијата на Нагорно-Карабах, објавија руски и азербејџански медиуми.


Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека почнало „специјална антитерористичка операција“ на територијата на Нагорно Карабах.

Во Степанакерт, главниот град на Нагорно Карабах, се слушаат сирени и експлозии, јавуваат агенциите.

Ерменија, како и претставниците на непризнаената Република Арцах, веќе еден месец зборуваат дека Азербејџан ја собира војската и воената опрема на границата со Ерменија и на демаркационата линија со Нагорно Карабах.

Вчера Азербејџан ја укина блокадата што ја имаше во регионот од декември минатата година и дозволи хуманитарна помош да влезе од Ерменија преку коридорот Лачин и од централен Азербејџан преку патот Агдам.

На територијата на Нагорно-Карабах има руски мировници според примирјето потпишано по Втората карабашка војна во 2020 година.

Азербејџан и Ерменија војуваа двапати за Нагорно-Карабах, прво во раните 1990-ти по распадот на Советскиот Сојуз и повторно во 2020 година. Во последната војна во 2020 година, Азербејџан ги врати сите територии околу Нагорно-Карабах што Ерменија ги држеше од 1994 година, а мирот беше посредуван од Русија. Турција дава голема поддршка за воените операции на Азербејџан. Од декември, Азербејџан воспостави де факто блокада на единствениот пат кон енклавата од Ерменија, познат како коридор Лачин. Тој ја обвини Ерменија дека го користи патот за да донесе воени резерви, што Ерменија го негира. Овој потег предизвика и голема хуманитарна криза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK