(Видео) Автомобил удри во придружбата на Бајден

Видео-Автомобил-удри-во-придружбата-на-Бајден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател, Џо Бајден, беше видно шокиран кога патничко возило удри во џипот на неговата придружба.


Инцидентот се случи во неделата околу 20 часот, кога тој и првата дама излегуваа од предизборниот штаб во Делавер. Автомобилот удрил во црниот џип кој ја блокирал раскрсницата.

Бајден во тој момент разговарал со новинарите, а кога го слушнал ударот, веднаш погледнал во правец на судирот и наводно рекол само „Леле“.

Автомобилот се обидел да продолжи да вози, но припадниците на специјалната служба веднаш реагирале и со оружје го опколиле возачот, кој удрил во џипот. На неименуваниот маж му било наредено да ги крене рацете, што и го направил. Потоа му наредиле да ја отвори вратата

Агентите на тајната служба потоа го сместиле претседателот во неговото возило, каде што веќе седел Џил Бајден, и безбедно биле избркани од локацијата.

Засега не е познато дали се работи за несреќен случај или обид за напад на претседателот на Америка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK