(Видео) Aвтобус излета и се запали кај Венеција, најмалку 20 загинати

Видео-Aвтобус-излета-и-се-запали-кај-Венеција-најмалку-20.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени вечерва во автобуска несреќа во Италија.

Автобус околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во округот Местре, по што паднал на железничката пруга и се запалил.

Според првичните информации, загинале најмалку 20 лица, додека четириесетина се повредени.

На терен се пожарникарите и брзата помош.

Автобусот е на компанијата La Linea, пренесува La Stampa.

Локалната здравствена управа 3 во Венеција го активираше протоколот за итни случаи кој предвидува да ги стави на располагање сите болнички соби за итни случаи и да повика засилување.

„Апокалиптична сцена. Немам зборови“, изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруниаро.

Засега не се познати околностите за несреќата.

Поради несреќата прекината е железничката линија меѓу Местре и Венеција.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, автобусот на удолницата ја пробил заштитната ограда, паднал и завршил меѓу магацинот и шините на станицата Местре, при што се запалил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK