Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени вечерва во автобуска несреќа во Италија.
Автобус околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во округот Местре, по што паднал на железничката пруга и се запалил.
Според првичните информации, загинале најмалку 20 лица, додека четириесетина се повредени.
In Venice, Northern Italy, a bus has fallen off a bridge this evening. There are many casualties, according to Mayor Luigi Brugnaro. Media reports indicate at least 20 people have died. #BreakingNews #Venice #Italy pic.twitter.com/VXypn8vKuO
— Michael Kuenne (@michaelkuenne) October 3, 2023
На терен се пожарникарите и брзата помош.
Автобусот е на компанијата La Linea, пренесува La Stampa.
Локалната здравствена управа 3 во Венеција го активираше протоколот за итни случаи кој предвидува да ги стави на располагање сите болнички соби за итни случаи и да повика засилување.
„Апокалиптична сцена. Немам зборови“, изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруниаро.
Засега не се познати околностите за несреќата.
Поради несреќата прекината е железничката линија меѓу Местре и Венеција.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, автобусот на удолницата ја пробил заштитната ограда, паднал и завршил меѓу магацинот и шините на станицата Местре, при што се запалил.