(Видео ) Авион принудно слетал поради силни турбуленци во Бразил: повредени најмалку 30 лица, патниците го снимиле хаосот

Авион-во-Лондон-полетал-со-скршени-прозорци-претходниот-ден-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Патничкиот авион „Боинг 787-9 Дримлајнер“ на Ер Европа принудно слета во Бразил поради силни турбуленции во кои се повредени 30 лица, јавува Би-би-си.

Авионот летал од Мадрид кон Монтевидео кога се случил инцидентот, соопшти авиокомпанијата.

Летот UX045 беше пренасочен кон аеродромот Натал во североисточен Бразил на пат кон главниот град на Уругвај, објави шпанската компанија на X.

Оттаму додаваат дека повредените патници „примаат помош“.

Авионот, кој превезуваше 325 патници, наиде на турбуленции над Атлантикот додека се приближуваше до бразилскиот брег, изјави портпаролот на Ер Европа.

Авионот слетал нормално и го пречекале голем број амбулантни возила.

Аеродромските власти соопштија дека на некои патници им била потребна медицинска помош и биле пренесени во најблиската болница.
Локален медицински тим за бразилските медиуми изјавил дека лекувале најмалку 30 патници од различни националности и дека 10 од нив биле пренесени во болница.

Пациентите се здобиле со повреди на главата за време на турбуленциите, вклучувајќи фрактури на черепот и исекотини на лицето, додаде тимот.

Инцидентот се случи неколку недели откако лет на „Сингапур ерлајнс“ беше погоден од силни турбуленции над Мјанмар, што доведе до повреди на неколку луѓе и смрт на еден Британец.

Тешките турбуленции се ретки, но неодамнешните студии покажаа дека климатските промени може да го зголемат ризикот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK